Friday, May 16, 2008
Ќоше за забава:Колку сте мрзеливи?
Дали мрзата ве прогонува почесто или пак сте многу активни и не и дозволувате да ве собори?Многу често луѓето пропуштаат многу интересни работи во својот живот поради мрзата. Ми се јаде нешто благо.......да ама ме мрзи да одам да си купам.
Леле колку имам за учење......ама неможам денес ме мрзи, не ми се учи.
Каков ден за шетање покрај кеј............ама неможам да сетам сега ме мрзи,нозе ме болат и уште милион други причини само за да не отидете да прошетате.
Но има лек против неа нели? наместо тоа "ама" и наместо секакви оправданија ке се запнете и ќе се борите против мрзата. Ми се јаде нешто благо........одам да си купам.
Леле колку имам за учење...........многу е, но ќе научам.
Каков ден за шетање покрај кеј............веднаш искачам.Е ова вака звучи поубаво нели? Ја победивме мрзата:)Повеќе активност помалку мрзеливост.
Ќоше за здравје:Чоколадото и забите
Имате дилема за влијанието на чоколадото врз вашите заби?
Еве што ви открива нашиот блог:
Тврдењата дека чоколадото предизвикува кариес не е сосема точно. Кариесот го предизвикуваат бактериите во усната шуплина, кои создаваат наслаги на површината на забите. Сите јаглеродни хидрати што може да бидат разложени, како шеќерите и скробот, обезбедуваат идеална подлога за развој на овие микроорганизми. Бактериите ги претвораат тие супстанции во киселина, која пак ја напаѓа и ја оштетува глеѓта на забите. Но добрата орална хигиена, со паста за заби што содржи флуор, ги намалува шансите за развивање на кариесот. Чоколадото дури содржи и некои фактори што дејствуваат против кариесот. Танинот содржан во какаото ја намалува активноста на бактериите.
Совет: јадете повеќе темно чоколадо кое е повкусно од белото чоколадо кое има помалку корисни материи за забите а и не е послатко од темното.Но во никој случај не претерувајте.
Ќоше за здравје:Сонцето и кожата
Токму сега на почетокот на летната сезона сите зборуваат за плажа, вода и сончање, но неопходно е да запомните дека сепак, сонцето има свои недостатоци. Она што во последниве година лекарите го потенцираат е опасноста од изгореници и можност за појава на рак на кожата поради незаштитено изложување на сончевите зраци.
Начинот на заштита е едноставен, не се сончајте помеѓу 11 и 16 часот и ставајте креми за заштита од сонцето. Содветната заштита е неопходна и при кратки изложувања на сонце, како на пример кога одите на работа, кремите се неизбежна заштита особено за оние кои мораат да излегуваат на сонце во најтоплиот дел од денот. Многубројните производителите на козметички производи обезбедуваат соодветни креми и лосиони за секој тип на кожа, но меѓу нив само дел можат да го понудат вистински потребниот модел, а вие самите треба да си ја пронајдете соодветната крема.
Уште еден добар совет:бадемовото масло како и кремите со состојки од камилица се идеални за превентива од изгореници, а за убав тен користете ги производите кои содржат бета каротен.Во исхраната внесете ги производите со витамн А,Е и Б.Не користете премногу витамин Ц,бидејќи делува премногу агресивно на кожата.
Thursday, May 15, 2008
СЕИР ЌОШЕ:Луѓе најдете си хоби!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Некои луѓе немајќи друга попамтена работа, досадувајќи се со часови едноствно почнуваат да се глупираат, да збеснуваат....па затоа апел до сите вас,најдете си хоби бидејќи во спротивно асално ќе забегате како типов кој крајно се глупира и бламира,трудејќи се да изгледа смешно,но некако тешко му успева..али сепак тие луѓе постojaт,за ние да си пукнеме еден добар сеир,па сепак сеирот е мое хоби :):):):):):):):) УЖИВАЈТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!
Ќоше за мода: Пред и потоа
Колку шминката може да влијае на изгледот на една девојка или жена е неверојатно. Со истакнување на нејзините убави црти и затскривање на мааните возможни се чуда. Сликите подолу се пример за тоа. Девојките се фотографирани пред и по корекцијата со шминка.Исто така имаме промени и на нивните фризури во зависност од обликот на лицето избрани се оние кој ќе им прилегаат најдобро. Погледнете и самите. Доколку и ти сакаш да бидеш во своето најдобро светло, внимавај на изгледот, затоа што само негуваната жена е убава жена.
Wednesday, May 14, 2008
Ќоше за фудбал:Зенит стигна до своето "првенче"
Рускиот гигант славеше во финалето од купот на уефа со убедливи 2:0
со головите на Игор Денисов во 72-та минута и Константин Зурианов во судиското продолзение со што беше ставена точка за тимот од Глазгов.
Зенит доминираше во целиот тек на утакмицата со што создаваше безброј шанси,а една од нив ја имаше Аршавин во 63-та минута кога од самата гол линија топката ја извади фудбалерот од Глазгов Сашо Папац.
Ова беше 35-то финале кое за Зенит беше среќно и му ја донесе првата титула во купот на уефа.
Zenit St. Petersburg | 2 - 0 | Rangers |
Subscribe to:
Posts (Atom)