Friday, May 16, 2008

Ќоше за здравје:Сонцето и кожата


Токму сега на почетокот на летната сезона сите зборуваат за плажа, вода и сончање, но неопходно е да запомните дека сепак, сонцето има свои недостатоци. Она што во последниве година лекарите го потенцираат е опасноста од изгореници и можност за појава на рак на кожата поради незаштитено изложување на сончевите зраци.

Начинот на заштита е едноставен, не се сончајте помеѓу 11 и 16 часот и ставајте креми за заштита од сонцето. Содветната заштита е неопходна и при кратки изложувања на сонце, како на пример кога одите на работа, кремите се неизбежна заштита особено за оние кои мораат да излегуваат на сонце во најтоплиот дел од денот. Многубројните производителите на козметички производи обезбедуваат соодветни креми и лосиони за секој тип на кожа, но меѓу нив само дел можат да го понудат вистински потребниот модел, а вие самите треба да си ја пронајдете соодветната крема.
Уште еден добар совет:бадемовото масло како и кремите со состојки од камилица се идеални за превентива од изгореници, а за убав тен користете ги производите кои содржат бета каротен.Во исхраната внесете ги производите со витамн А,Е и Б.Не користете премногу витамин Ц,бидејќи делува премногу агресивно на кожата.

No comments: