Saturday, March 22, 2008
Сеир Ќоше : Никој не е совршен!!!!!
Ќоше за патување :Акапулко-дестинација од соништата
Акапулко е повеќе од име на едно летувалиште - тоа е светски познат синоним за одмор и забава. Сместен во Мексико, на брегот на Пацификот, со неговата тропска клима преку целата година, Акапулко е совршено место за сите активности - и дење и ноќе.
Ретката комбинација од прекрасни плажи, планините Сиера Мадре, тропските џунгли и лагуните, заедно со мексиканското гостопримство, мистика и традиција е како создадена за да остави уникатен впечаток кој се памети целиот живот.
* Плажи
Нема потреба да се каже - глетките се прекрасни. Волшебни плажи со ситен, мек песок, синообоени бранови, егзотични палми... И секако тоа се само некои од атракциите на Акапулко. Туристите можат да избираат меѓу неколкуте плажи и бројните хотели. Меѓу плажите најпознати се плажата кај Бара Виеха, осамена и интимна, или пак секогаш преполната Пие де ла Куеста, со нејзините прекрасни зајдисонца. Во Акапулко човек може да ужива буквално во сите спортови на вода - впрочем скијањето на вода е измислено токму во Акапулко! Лагуните Којока и Трес Палос, со нивните мирни води се идеални за скијање по вода.
* Атракции
На времето, Акапулко беше идеално прибежиште за славните филмски sвезди и припадниците на џет -сетот. Може да се каже дека Акапулко е родното место на мексиканскиот туризам. Едрењето на штица, скијањето на вода, барови на самиот брег и дискотеки кои работат цела ноќ - се започна тука. Како една од најпознатите атркации во Акапулко е гребенот Ла Кебрада, висок 40 - ина метри. Секој ден, туристите можат да ги гледат акробациите на нуркачите кои скокаат во морето од високите карпи на овој гребен.
Акапулко е мошне жив град, чија неколкувековна историја придонала тој да биде богат со споменици на културата. Оваа област е жив сведок на предколумбовските времиња, на шпанското освојување, на независноста на Мексико и на модерните времиња. Акапулко има свои приказни: за пиратите, но и за тажните љубови.
* Ноќен живот
Акапулко е град кој никогаш не спие. Ноќниот живот е легендарен и овековечен во многу холивудски филмови. Како што велат неговите жители, не постои град во светот кој што може да се натпреварува со Акапулко по понудата на ноќни клубови и изборот на забавни активности. А погледот на Акапулко, со неговите милиони светла кои се огледуваат во водата е можеби најромантичната панорама во светот.
Ќоше за фудбал : Спасителот на "Росоњерите"
слабата игра во домашното првенство во претходните
натпревари,
слабата форма на фудбалерите како и повредата на Кака ,
Милан изигра феноменално и издвои победа
благодарение на младиот бразилец во редовите на Милан Алехандре Пато, постигнувајќи феноменален погодок во 66'. Со што го остава Милан во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.