Tuesday, April 15, 2008

Ќоше за мода: Што ќе биде ин ова лето?

Еве неколку моделчиња од новата колекција на МАНГО- лето 2008 чие заштитно лице е преубавата Пенелопе Крус.

Ќоше за патување:БРАЗИЛ



Еве уште една земја со латински дух:))Бразил е најголема земја во Латинска Америка,а е петта по големина во светот.Бразилците се познати по тоа што се весели луѓе и се полни со ентузијазам.Веројатно ,една од познатите слики за Бразил е статуата на Исус,која што се наоѓа на врвот на планината Корковадо.Официјален јазик е португалскиот,со разлика во акцентот од Португалците.Рио де Жанеиро е најпосетувана дестинација во Бразил ,и во Рио се наоѓаат двете најубави плажи Копакабана и Ипанема.Легендарната Копакабана е посетувана од многу туристи.Интересна е глетката како додека некои играат одбојка или сл.од позадина некои си танцуваат самба.Бразил е познат и по карневалот кој преставува како национална традиција за бразилците,за време на карневалот многу продавници се затворени.Ипанема плажата е атракција на младите и уште позната како плажа на мода:)бидејќи има многу бутици покрај обала.Игуазу водопадите се нешто најприродното чудо во светот и се наоѓа токму во Бразил,меѓутоа ги има и од страна на Аргентина.Може да се посетат многу ресторани со нивните вкусни јадења...и нивното најубаво кафе на светот:)За Бразил може да се зборува уштее многу...меѓутоа јас мислам дека сликите ке ви кажат се...:)

Monday, April 14, 2008

Ќоше за забава: Машки навики кои им пречат на девојките


Секој припадник на машкиот пол читајќи го ова ќе речe "аман овие жениве пак нешто не им чини" , несвесни и самите дека ние како претставници од понежниот пол и не сме толку многу комплицирани како што на нив им изгледа. Бараме само малку внимание и почит од нивна страна. Најчести машки навики кои им пречат на девојките:
1.Нивното доцнење на договорените состаноци: нели е невкусно некоја девојка убаво скоцкана да чека да дојде дотичниот нејзин партнер кој "неможел" навреме да стигне, да поминуваат различни луѓе кои чудно ќе ја загледуваат, а таа нервозно ќе тупка во место;
2.Забораваат битни моменти, дати и сл. работи кои и се битни на девојката: во принцип повеќето девојки сакаат кога партнерот ги памти оние ситници поврзани со нивната врска;
3.Постојано се вртат по женски задници и меркаат згодни девојки: замислете излезени сте со дечкото сте се потрудиле да се средите да му привлечете барем малку внимание, а тој зјапа по секоја типка која е полу гола невкусно нели:)
4.Постојано збори за бившата девојка дека биле ваму или таму заедно, дека и она тоа сакала или несакала, тоа правела или неправела и сл;
5.Нивното однесување насамо и во друштво: повеќето машки го менуваат своето однесување пред другарите не се повеќе нежни и внимателни за да не бидат "ПАПУЧАРИ" да покажат дека се главни во врската и дека девојката е таа што е зависна од нив;


Ете неколку од негативните навики кои пречат на девојките. Но се разбира тоа незначи дека сите машки се такви така да оние кои не се пронаоѓаат тука ке ве молам без навреда:), a оние кои се пронаоѓаат нека поработат на искоренување на истите:D

СЕИР ЌОШЕ:И СО ГЛУПИРАЊЕ СЕ СТАНУВАЛО СЛАВЕН!!!! ВТОР ДЕЛ

извинете што доцнам со овој пост,но не сум јас крива ИСТОРИЈАТА е :) Иначе типов од кога успеа да го маѓепса жирито почна да ја освојува и публиката која се трескаше од земја на неговиoт хит :):):):) ок што и е на публиката??? има ли уши????? па еве го уживајте и Вие!!!!!!!!!!!!!!