Thursday, May 15, 2008

Ќоше за мода: Пред и потоа

Колку шминката може да влијае на изгледот на една девојка или жена е неверојатно. Со истакнување на нејзините убави црти и затскривање на мааните возможни се чуда. Сликите подолу се пример за тоа. Девојките се фотографирани пред и по корекцијата со шминка.Исто така имаме промени и на нивните фризури во зависност од обликот на лицето избрани се оние кој ќе им прилегаат најдобро. Погледнете и самите. Доколку и ти сакаш да бидеш во своето најдобро светло, внимавај на изгледот, затоа што само негуваната жена е убава жена.


No comments: