Friday, May 16, 2008

Ќоше за забава:Колку сте мрзеливи?



Дали мрзата ве прогонува почесто или пак сте многу активни и не и дозволувате да ве собори?Многу често луѓето пропуштаат многу интересни работи во својот живот поради мрзата. Ми се јаде нешто благо.......да ама ме мрзи да одам да си купам.
Леле колку имам за учење......ама неможам денес ме мрзи, не ми се учи.
Каков ден за шетање покрај кеј............ама неможам да сетам сега ме мрзи,нозе ме болат и уште милион други причини само за да не отидете да прошетате.
Но има лек против неа нели? наместо тоа "ама" и наместо секакви оправданија ке се запнете и ќе се борите против мрзата. Ми се јаде нешто благо........одам да си купам.
Леле колку имам за учење...........многу е, но ќе научам.
Каков ден за шетање покрај кеј............веднаш искачам.Е ова вака звучи поубаво нели? Ја победивме мрзата:)Повеќе активност помалку мрзеливост.

No comments: