Friday, May 16, 2008

Ќоше за здравје:Чоколадото и забите


Имате дилема за влијанието на чоколадото врз вашите заби?
Еве што ви открива нашиот блог:
Тврдењата дека чоколадото предизвикува кариес не е сосема точно. Кариесот го предизвикуваат бактериите во усната шуплина, кои создаваат наслаги на површината на забите. Сите јаглеродни хидрати што може да бидат разложени, како шеќерите и скробот, обезбедуваат идеална подлога за развој на овие микроорганизми. Бактериите ги претвораат тие супстанции во киселина, која пак ја напаѓа и ја оштетува глеѓта на забите. Но добрата орална хигиена, со паста за заби што содржи флуор, ги намалува шансите за развивање на кариесот. Чоколадото дури содржи и некои фактори што дејствуваат против кариесот. Танинот содржан во какаото ја намалува активноста на бактериите.
Совет: јадете повеќе темно чоколадо кое е повкусно од белото чоколадо кое има помалку корисни материи за забите а и не е послатко од темното.Но во никој случај не претерувајте.

No comments: