Saturday, May 3, 2008

Ќоше за патување:Бора-бора...најромантично место во светов








Бора-бора е најнајубавиот остров на светот ,се наоѓа и претставува рај во Француската Полинезија-Тахити.
Сите мистерии,легенди и романси се поврзани со овој остров.Многумина велат дека ова е најромантично место....и дефинитивно е СОН:) Погледнете ги сликите...........:)

Ќоше за забава:Годишен секси хороскоп

Вашиот годишен секси хороскоп за 2008 година. Погледнете ги предвидувањата и се она што ве очекува во вашиот сексуален живот за оваа година.
Овен
Сатурн, планетата на ограничувањата која неколку години го блокирала сексуалниот живот на Овенот, конечно се тргнала, односно оставила простор за одлично сексуално уживање. Во април ѕвездите ќе ве направат неверојатно привлечни, а најжешките еротски фантазии може да ги очекувате во септември.

Бик
Со доаѓањето на Сатурн во куќата на љубовта и сексот на Биковите им се отвораат нови искушенија, но и различни ставови према сексот. Доколку вашата врска ги издржи овие промени, уште толку повеќе ќе се зајакне. Најдобра прилика за љубов ќе имате на почетокот на годината, а во Мај ништо живо нема да може да ги спречи сексуалните уживања.

Близнаци
Поради посетата на Плутон, планетата на смртта и повторното раѓање, очекувајте интензивна промена на сексуално поле. Оваа година ќе успеете да ги решите старите навики кои не и дозволуваат на вашата еротска фантазија да достигнува нови длабочини. Ќе научите многу!

Рак
Ракови очекувајте голема промена во љубовта и сексот - битно е да се соочите со нив и да не се плашите од новите промени. Парнерот во сексот ќе очекува многу, а доколку ги исполните неговите желби, нема да се пожали. Во август очекувајте најинтензивни сексуални задоволства.

Лав
Оваа година може да ви донесе невидени љубовни задоволства, но ќе бидете следени од потполна сексуална катастрофа. Се зависи од тоа како ке се носите со предизвиците кои ви ги носат ѕвездите. Љубовните одлуки донесувајте ги со памет, а во кревет препуштете се на основните инстикти.

Девица
Сексуалниот живот на Девиците оваа година ќе биде многу хаотичен и полн со задоволства. Ќе бидете активни во кревет и многу ќе се забавувате. Многу ќе експириментирате и ќе ги ширите вашите сексуални хоризонти, а кон крајот на годината може да се надевата на најдобар можен секс што некогаш сте го имале.

Вага
На романтичните Ваги оваа година ќе им се случат нови интензивни искуства. Август ќе биде одличен месец за Вагите. Нивната сексуална креативност ќе ја искажат во полн сјај па може да очекуваат нови врвови во сексуалните релации. Слободните може да ја пронајдат својата сродна душа.

Скорпија
Сензуалните Скорпии оваа година ги очекува цела низа промени - вистинска мала сексуална револуција. Мај е најдобриот месец за луди сексуални авантури, а за оние во врска овој месец е идеално време од партнерот да слушнат јасно и гласно што тој сака во сексот.

Стрелец
Во почетокот на годината на Стрелците нема да им се случува ништо, а и сексуалниот живот ќе доживее стагнација. Сепак, немојте да мислите дека ќе "умрете" од досада, бидејќи ќе добиете прилика да надополните за се што сте пропуштиле - од март до мај ќе имате големо сексуално уживање.

Јарец
Добрата положба на Јупитер оваа година на Јарците ќе им донесе нова љубов, но и доста сексуални прилики. За што и да се одлучите, планирајте дека ќе ве следи среќа. Доколку во новата година ги донесете старите проблеми, тие сеуште ќе постојат. Сепак, ќе успеете да ги решите.

Водолија
Положбата на планетите ќе успее од вашата потсвест да извлече се што сте сакале да направите, а никогаш сте немале храброст да му признаете на партнерот. Новите заеднички искуства би можеле да ве зближат уште повеќе. Оние кои се сами ќе го добијат она што отсекогаш го посакувале.

Риби
Оваа година Рибите ќе престанат да се прилагодуваат кон потребите на партнерот и ќе поработат на поставување на јасни граници во љубовта и сексот. Оние во врска ги очекува криза, а слободните Риби во втората половина од годината ќе зрачат со неодоливост и ќе се впуштаат во жешки сексуални авантури

Sunday, April 27, 2008

Ќоше за фудбал:Манчестер го губи "здивот"
Челзи со добра игра го доби дуелот со Манчестер, благодарение на двата гола на Balack во 45' и 8
7' Челзи станува сериозен кандидат за тронот на Англија.
Сега судбината на Челзи е во рацете на West Ham и Wigan и ќе чека кикс на Манчестер.
Исто така доста интересно е на дното каде што грчевито за опстанок се борат Fulham,Birmingam,Reading i Bolton.
Chelsea2 - 1Manchester U.