Thursday, March 27, 2008

Ќоше за патување :Мексико........

Мексико е земја која што се наоѓа на јужниот дел на Северна Америка. Нејзин главен град е Мексико Сити. Мексико е земја која што изобилува со многу плажи, заливи, едноставно оваа земја за мене лично е меѓу една од поубавите земји на светот. Во мексико се наоѓа едно од најегзотичните места во светот што го споменав во минатиот пост....АКАПУЛКО:)Освен овој залив ќе го казам и Тампико место каде што има прекрасни плажи, со ситен песок, условите за туризам се погодни (мислам на тоа и дека не е толку скапо....ова е точна информација професорката по шпански ми е од Тампико:))Кога ќе видиме еден ваков шешир таканаречен сомбреро како на сликата, веднаш ни текнува на оние маријачи групи што свират серенада. Тоа е многу типично за мексиканците т.е за народот што има латинско потекло. Исто така интересно за Мексико е дека има едно место таканаречено "piramide de sol i piramide de luna" кое што се вика Теотихуцан-место каде што луѓето стануваат богови.Карактеристичен пијалак за мексиканците е текила, храна-тако, чиле и салса. Мексиканците како народ се многу љубезни и народ кој има интересни обичаи за празниците. А, да шпанските теленовели потекнуваат токму од овде, од Мексико.Значи може да ги посетите и Гвадалахара, Веракруз, Чуернавака,....Стандарден јазик е шпански, а ќе пазарите со пезоси. Па....луѓе ако имате динеро веднаш... во Мексико. АДИООООС:)))

1 comment:

ONUR said...

ааа иванче не спомна дека имаат и прекрасни жени :>>>>>>>>