Wednesday, March 26, 2008

Ќоше за кошарка: Појава на кошарката!


Кошарката често се нарекува "меѓународен спорт" затоа што се игра во секоја цивилизирана земја во светот. Не се развивала постепено, како некои други спортови, туку во 1891 г.ја измислил James Nejsmit. Тој сакал да пронајде некој спорт што ќе ги привлече студентите по физичко воспитание во Спрингфилдската стручна школа, во Масачусетс. Нејсмит бил канаѓанин, па ја комбинирал играта "лакрос" на индијанци со англискиот "фудбал" или "шутирање" на топката како во фудбалот. Нејсмит измислил спорт каде играчите си ја додаваат топката и се трудат да постигнат погодок. Во почетокот, кога е измислен овој спорт на "голот" стоела само една дрвена кошница, кош, па затоа е и наречен кошарка.

No comments: