Saturday, March 29, 2008
Ќоше за мода: Убави и глупави
Многу често сме сведоци на различни предрасуди од типот манекенките не се доволно паметни и единствено за што се способни е чекорењето по модните писти. Но ако бидеме искрени и реално гледаме ќе заклучиме дека неретко убавината и интелигенцијата одат заедно. Овие предрасуди ги негуваат обичните жени за да го намалат притисокот врз самите себе си и се тешат со фактот што можеби не се згодни како нив, но затоа се успешни што е тотална невиситна. Не може на тој начин да се глобализира гледањето на цела низа од девојки..А пак оние останатите, да ги наречам изворите на такви предрасуди, треба да работат на самите себе, да не поставуваат недостижни цели, да бидат успешни во полето кое најмногу им одговара и од ден на ден да живеат со фактот дека се се подобри, а не со омаловажувањето на останатите да си го хранат своето его.
Таков пример е словенската мисица која во едно шоу имале намера да ја исмеат, но резултатот бил сосема спротивен и на тестот за интелигенција освоила 156 бодови колку што има само 1% од населението...Сега проценете вие самите.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment