Tuesday, May 20, 2008
Ќоше за мода: Топ моделот Симона Петреска
Симона Петреска е модел од помладата генерација. Таа за разлика од останатите живее исклучиво работејќи ја оваа професија. Работи на разни комерцијални проекти, каталози, едиторијали, реклами и ревии. Покрај тоа е и студент на Филозофскиот факултет, отсек психологија. Паралелно ги извршува обврските, но сеуште не е сигурна во која насока би ја продолжила својата кариера. Симона е висока 174цм, има прекрасно градено тело и продорни очи. Ретко кој може да оддолее на нејзината убавина која ја одржува водејќи здрав живот без пороци. Редовно вежба и внимава на исхраната. Како и повеќето модели во нашата земја и таа се среќава со проблемот на недоволно платени ангажмани и голема конкуренција.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
Најубава манекенка на овие простори! Чудно ми е вака што некој знае која е, покрај мене. :) Требаше да биде Мис на Македонија, таа година кога победи Сања Николиќ (беше наместено!!!)
Post a Comment