Thursday, May 22, 2008
Ќоше за мода: Основни правила на шминкањето
Основното и најважно правило во шминкањето е- силно нашминкани усни или блескави очи! Во никој случај не смеете да ги искомбинирате двете, затоа што тоа ке изгледа многу нападно и невкусно. Оваа сезона во мода ќе бидат вештачките трепки, но сличен ефект мозете да постигнете и со правилно нанесување на квалитетна маскара. За дневен изглед доволно е само маскара и руменило во некоја природна нијанса како розева или праска боја. За очите најубави се розеви, кремови и златни нијанси кои им даваат свежина и не ги истакнуваат подочниците за разлика од сините и сивите бои. Црното моливче исто така влијае. Оваа сезона потемнетата кожа повеќе не е симбол на статус и здравје. Актуелен е златест тен и умерено сончање. Така девојки опуштете се ова лето и уживајте под сонцето со минимална шминка.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment