Monday, April 14, 2008

Ќоше за забава: Машки навики кои им пречат на девојките


Секој припадник на машкиот пол читајќи го ова ќе речe "аман овие жениве пак нешто не им чини" , несвесни и самите дека ние како претставници од понежниот пол и не сме толку многу комплицирани како што на нив им изгледа. Бараме само малку внимание и почит од нивна страна. Најчести машки навики кои им пречат на девојките:
1.Нивното доцнење на договорените состаноци: нели е невкусно некоја девојка убаво скоцкана да чека да дојде дотичниот нејзин партнер кој "неможел" навреме да стигне, да поминуваат различни луѓе кои чудно ќе ја загледуваат, а таа нервозно ќе тупка во место;
2.Забораваат битни моменти, дати и сл. работи кои и се битни на девојката: во принцип повеќето девојки сакаат кога партнерот ги памти оние ситници поврзани со нивната врска;
3.Постојано се вртат по женски задници и меркаат згодни девојки: замислете излезени сте со дечкото сте се потрудиле да се средите да му привлечете барем малку внимание, а тој зјапа по секоја типка која е полу гола невкусно нели:)
4.Постојано збори за бившата девојка дека биле ваму или таму заедно, дека и она тоа сакала или несакала, тоа правела или неправела и сл;
5.Нивното однесување насамо и во друштво: повеќето машки го менуваат своето однесување пред другарите не се повеќе нежни и внимателни за да не бидат "ПАПУЧАРИ" да покажат дека се главни во врската и дека девојката е таа што е зависна од нив;


Ете неколку од негативните навики кои пречат на девојките. Но се разбира тоа незначи дека сите машки се такви така да оние кои не се пронаоѓаат тука ке ве молам без навреда:), a оние кои се пронаоѓаат нека поработат на искоренување на истите:D

No comments: