Еве уште една земја со латински дух:))Бразил е најголема земја во Латинска Америка,а е петта по големина во светот.Бразилците се познати по тоа што се весели луѓе и се полни со ентузијазам.Веројатно ,една од познатите слики за Бразил е статуата на Исус,која што се наоѓа на врвот на планината Корковадо.Официјален јазик е португалскиот,со разлика во акцентот од Португалците.Рио де Жанеиро е најпосетувана дестинација во Бразил ,и во Рио се наоѓаат двете најубави плажи Копакабана и Ипанема.Легендарната Копакабана е посетувана од многу туристи.Интересна е глетката како додека некои играат одбојка или сл.од позадина некои си танцуваат самба.Бразил е познат и по карневалот кој преставува како национална традиција за бразилците,за време на карневалот многу продавници се затворени.Ипанема плажата е атракција на младите и уште позната како плажа на мода:)бидејќи има многу бутици покрај обала.Игуазу водопадите се нешто најприродното чудо во светот и се наоѓа токму во Бразил,меѓутоа ги има и од страна на Аргентина.Може да се посетат многу ресторани со нивните вкусни јадења...и нивното најубаво кафе на светот:)За Бразил може да се зборува уштее многу...меѓутоа јас мислам дека сликите ке ви кажат се...:)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment