Friday, June 20, 2008
Thursday, May 22, 2008
ЌОШЕ ЗА КОШАРКА:БОСТОН ПРОТИВ ДЕТРОИТ
Кошаркарите на Бостон, победија во финалето на доигрување на источната конференција против Детроит.Во првата утакмица славеа со 88:77, и тоа им беше 15 победа по ред на домашен терен.Најдобри во победничкиот тим се Kevin Garnett со 26 поени и 9 скокови и Paul Pierce со 22 поени и 6 асистенции.
Наредната финална утакмица во оваа серија истотка се игра во Бостон.
СЕИР ЌОШЕ: Женски петлиња!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Секогаш кога се шеткам и кога ќе видам некое момче, така изфенимизирано, средeно, налицкано со розево кошулце и тесни бели пантолнчиња, исчупани веѓи и кило пудра, како се фрцка, а уште кога ќе му го чујам тоа нежно, детско гласче, едноставно добивам напад на смеење.....во последно време кај нашиот "сакан" јужен сосед се повеќе се зголемува бројот на овие женски петлиња кои се навистина смешни и едноставно мизерни.Погледнете ги....Искрена сум и ќе кажам дека сликиве се од мотика.com.mk ама не можев да се воздржам и морав да ги споделам со вас..........УЖИВАЈТЕ!!!!!!!!!!!!!!!!
Ќоше за патување:АВСТРАЛИЈА
Австралија,земја за која сите велиме дека е крај на светот:)Оваа земја е најдалечна дестинација....Тука има многу македонски иселеници.Австралија е земја во која преку цела година е топло,и во средината на февруари да ја посетите или декември..е сезона на плажи:)и сончање.Луѓето кои живеат во нејзе зборуваат на англиски,италјански и грчки јазик,а со оглед на тоа дека и има и мнооогу македонци,па најверојатно зборуваат на македонски во одредени места...:))меѓусебно!Австралија е земја на кенгурите!Интересна глетка или градба е операта во Сиднеј.Убава земја е!Главен град е Канбера.Има повеќе пустини,еве некои:Греат Викториа,Танами,Симпсон,Голема пустина;Има многу национални паркови.Тука се пазари со американски долари.Има многу трговски центри,бутици...ресторани итн.:)
Ќоше за мода: Основни правила на шминкањето
Основното и најважно правило во шминкањето е- силно нашминкани усни или блескави очи! Во никој случај не смеете да ги искомбинирате двете, затоа што тоа ке изгледа многу нападно и невкусно. Оваа сезона во мода ќе бидат вештачките трепки, но сличен ефект мозете да постигнете и со правилно нанесување на квалитетна маскара. За дневен изглед доволно е само маскара и руменило во некоја природна нијанса како розева или праска боја. За очите најубави се розеви, кремови и златни нијанси кои им даваат свежина и не ги истакнуваат подочниците за разлика од сините и сивите бои. Црното моливче исто така влијае. Оваа сезона потемнетата кожа повеќе не е симбол на статус и здравје. Актуелен е златест тен и умерено сончање. Така девојки опуштете се ова лето и уживајте под сонцето со минимална шминка.
Ќоше за забава:Дали конечно ни расте наталитетот????
Многу често во последно време околу себе забележувам мноооогууу бремени жени што и ме радува најискрено. На курс во група имам трудница, на мојата улица која вкупно има 7 куќи има 3 трудници, постојано каде и да се шетам околу мене многу трудници.......Прво се запрашував дали е тоа поради мене , така ми се причинува, но се повеќе луѓе го потврдуваат истото. Конечно и нашите млади размислуваат за нашата нација и држава што многу ме радува. Епа ајде да не зарекувам се надевам дека и понатаму ќе ни биде преплавен градов со трудници:)))))
Wednesday, May 21, 2008
Ќоше за фудбал:Пенал рулетот го промовираше новиот шампион
На тешкиот терен во Москва, Челзи и Манчестер ремизираа со резултат 1-1 по што се играа дополонителни две продолженија од по 15 минути што не им беа доволни за победник.
Средбата се реши по изведувањето на пеналите во кои Манчестер беше поуспешен.
Први поведоа фудбалерите на Манчестер со голот на Кристијано Роналдо во 26-та минута по добриот центаршут
од страна на Вест Браун по што беше матирана одбраната на Челзи.Израмнувачкиот погодок следеше во истекот на првото полувреме ,Лампарт ја искористи кофузијата на Фердинант и стрелаше прецизно во голот.
Во второто полувреме се играше претпазливо и најздрелата шанса ја имаше Дрогба кој го погоди дирекот во 76-та минута.
Спасителот на Челзи "Тери" кој ја извади топката од самата линија по шутот на Гикс беше трагичар во пенал рулетот и со солзи го прими сребрениот медал.
Поголемата психичка подготвеност на тимот на Фергусон им ја донесе 3-та титула во Лигата на шампионите.
По поразот на Челзи, Аврам Гранд може да се збогува од тренерската функција и да добие отказ од Роман Абрамович.

Subscribe to:
Posts (Atom)