Акапулко е повеќе од име на едно летувалиште - тоа е светски познат синоним за одмор и забава. Сместен во Мексико, на брегот на Пацификот, со неговата тропска клима преку целата година, Акапулко е совршено место за сите активности - и дење и ноќе.
Ретката комбинација од прекрасни плажи, планините Сиера Мадре, тропските џунгли и лагуните, заедно со мексиканското гостопримство, мистика и традиција е како создадена за да остави уникатен впечаток кој се памети целиот живот.
* Плажи
Нема потреба да се каже - глетките се прекрасни. Волшебни плажи со ситен, мек песок, синообоени бранови, егзотични палми... И секако тоа се само некои од атракциите на Акапулко. Туристите можат да избираат меѓу неколкуте плажи и бројните хотели. Меѓу плажите најпознати се плажата кај Бара Виеха, осамена и интимна, или пак секогаш преполната Пие де ла Куеста, со нејзините прекрасни зајдисонца. Во Акапулко човек може да ужива буквално во сите спортови на вода - впрочем скијањето на вода е измислено токму во Акапулко! Лагуните Којока и Трес Палос, со нивните мирни води се идеални за скијање по вода.
* Атракции
На времето, Акапулко беше идеално прибежиште за славните филмски sвезди и припадниците на џет -сетот. Може да се каже дека Акапулко е родното место на мексиканскиот туризам. Едрењето на штица, скијањето на вода, барови на самиот брег и дискотеки кои работат цела ноќ - се започна тука. Како една од најпознатите атркации во Акапулко е гребенот Ла Кебрада, висок 40 - ина метри. Секој ден, туристите можат да ги гледат акробациите на нуркачите кои скокаат во морето од високите карпи на овој гребен.
Акапулко е мошне жив град, чија неколкувековна историја придонала тој да биде богат со споменици на културата. Оваа област е жив сведок на предколумбовските времиња, на шпанското освојување, на независноста на Мексико и на модерните времиња. Акапулко има свои приказни: за пиратите, но и за тажните љубови.
* Ноќен живот
Акапулко е град кој никогаш не спие. Ноќниот живот е легендарен и овековечен во многу холивудски филмови. Како што велат неговите жители, не постои град во светот кој што може да се натпреварува со Акапулко по понудата на ноќни клубови и изборот на забавни активности. А погледот на Акапулко, со неговите милиони светла кои се огледуваат во водата е можеби најромантичната панорама во светот.
Saturday, March 22, 2008
Ќоше за патување :Акапулко-дестинација од соништата
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment