Friday, April 4, 2008

Ќоше за здравје: Целулитот и младите


Доаѓа летото,а со тоа и нашата главоболка-кората од портокал.Од анкетираните девојки за тоа дали се загрижени за целулитот,97% одговорија потврдно.Но,главната работа е во тоа што доцна ни текнува дека имаме проблем кој ни ја нарушува самодовербата.Веднаш преземаме краткотрајни активности како тоа да е доволно да ни го реши долготрајниот проблем.Очекуваме превисоки резултати,и кога тоа нема да биде така веднаш креваме раце и си тераме по свое.Можеби целулитот е проблем од естетско-корективен карактер,но не смее да се занемари влијанието на исхраната врз појавата на целулитот.Внесувањто на многу масни и солени намирници дополнително ја влошуваат состојбата на целулитот.Еве еден од нашите совети за да го надминете во поголем дел проблемот со целулитот: пијте повеќе вода бидејќи ја враќа влажноста на кожата и ги исфрла отровите од организмот,туширајте се со млака вода и направете блага ексфолијација на вашето тело.Навечер пред да си легнете намачкајте се со некоја антицелулитна крема и нежно штипкајте го пределот околу бутините.И за крај: сакајте го вашето тело и негувајте го преку текот на целата година!

4 comments:

ONUR said...

ej izvenete malce docna no ve linknav :>>>>>>>>>

*Nate* said...

Fala kolega:)

Margarita said...

Jarik, mi treba tvoj mail
Pozdrav, Marga!!!

*Nate* said...

ivana1988_jarik@hotmail.com